Гласност

Е-пошта Печати PDF

Големо разбирање (покајание)

Но што, всушност, значи покајание? Тоа вообичаено се смета за жалење поради сторениот грев, чувство на вина, чувство на жалост и страв поради раните што сме им ги нанеле на другите, но и на самите себе. Меѓутоа, ваквиот поглед е опасно некомплетен. Жалоста и стравот се, навистина, често присутни при покајанието, но покајанието не може да се сведе само на овие две нешта. Тие не се дури ни најважниот дел од покајанието. Поблиску до суштината на проблемот можеме да дојдеме ако се осврнеме на буквалното значење на грчкиот израз за покајание, метаноја. Метаноја значи "промена на мислењето", не само жалење за минатото, туку фундаментална трансформација на нашето сфаќање, нов начин на гледање на самиот себе, на другите и на Бога - или, кажано со зборовите на Пастирот од Јерма, "големо разбирање". Големо разбирање, но не нужно и емоционална криза. Покајанието не е највисок степен на грижата на совеста и срам од самиот себе, туку преобразба, сосредоточување на нашиот живот во Света Троица.

Како "нова свест", преобразба, сосредоточување, покајанието е позитивно, а не негативно. Со зборовите на св. Јован Лествичник, "Покајанието е ќерка на надежта и одрекување на безнадежноста". Тоа не е малодушност, туку желно очекување; тоа не е чувство на безизлез, туку наоѓање излез; тоа не е омраза спрема мене самиот, туку потврда на моето вистинско јас, направено според Божјото подобие. Да се кајам не значи да гледам кон моите недостатоци, туку кон Божјата љубов; не назад со самопрекорување, туку напред, со целосна доверба. Покајанието не значи да се согледа она што сум пропуштил да бидам, туку она што, со Христовата благодат, се' уште можам да станам".

(Извадок од книгата 'Во нас е царството' од Калистос Вер)

Преземено од  Урбан Мистик

Е-пошта Печати PDF

Отелотворена љубов (7 предавања)

По излегувањето од печат на „Отелотворена љубов“ (Евангелие според Јован) одлучивме во наредните седум недели да зборуваме за седум текстови извадени од истото евангелие. Идејата е да им пристапиме на тие безвременски и древни текстови напишани пред речиси 2000 години и да им дозволиме да ни зборуваат, да не предизвикаат и да не променат денес. Темите ќе бидат, „Во почетокот беше словото”, „Разговорот со Никодим”, „Исус и жената фатена во прељуба”, „Воскресението на Лазар”, „Исус им ги мие нозете на учениците”, „Јас сум лозата а вие сте гранките” и „Марија, зошто плачеш?”. Ќе почнеме на 8 Април, а ќе завршиме на 20 Мај. Средбите на Гласност почнуваат во недела во 18.30 ч.

Сите се добредојдени.

Локација:

 

Страница 1 од 2

Следете не

Twitter logo RSS icon Email icon

Новости

Отелотворена љубов

Отелотворена љубов корицаОтелотворена љубов е обид да се препрочита безвременскиот текст на евангелието на апостол Јован и неговата порака. Книгата е обид на современ јазик да се доближи истата порака до пошироко читателство, особено меѓу младите луѓе.

Твитер